Годишно 1200 хрватски семејства се откажуваат од телевизија
Телевизијата е се поприсутна во училиштата и на работа, но во домаќинствата во Хрватска користењето на овие услуги опаѓа.
Се повеќе домаќинства во Хрватска не гледаат телевизија, покажуваат статистиките од истражувањето кое го објави Vipnet. Врз основа на тие податоци може да се заклучи дека од 2011 година па наваму секоја година над 1200 домаќинства се откажуваат од телевизија.
Засега 3% од домаќинствата не користат телевизија или тоа се 46.100 домаќинства. Пред пет години тој број бил 2.6% од домаќинствата.
Но, потребата за медиумски и видео содржини е поголема. Токму заради овие причини годишно количината на потрошени гигабајти интернет скокнала за 39,7%.
Истражувањето покажува дека 77% од испитаниците гледаат тв содржини преку паметните телефони.
Од децата 6% гледаат тв содржини во училиштата, а од работниците 16% гледаат телевизија на училиште.
Vipnet потврдува дека видеа се пребаруваат и гледаат најчесто на Фејсбук, Јутуб и Гуг.
