Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишнина од  мајските протести! Кој го разбуди гневот во граѓаните?!

Годишнина од  мајските протести! Кој го разбуди гневот во граѓаните?!
ПОмина една година од мајските  протести  за пад на Владата кои започнаа на 5 мај по неколкугодишно незадоволство од актуелната  власт и изделени протести, со различни барања, на невладини организации, граѓански асоцијации, професори, студенти. Мајските протести непосредно беа поттикнати од нови сознанија за убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски од страна на специјалните единици во 2011-тата година и обидот да се прикрие неговата смрт и да се  избегне политичка одговорност,  за што се слушна преку објавените  прислушувани разговори. Десетици демонстранти беа приведени и експресно осудени на условни казни. „Хјуман рајтс воч“ констатираше   дека полицијата употребила прекумерна сила за време на протестот. 11990182_691440964324341_2050359756_oСитуацијата од минатата година по 5-то мајските протести, упадот во читалната во градската библиотека “Браќа Миладиновци”, апсењето на студентите,  не е ниту малку подобрена, ниту изменета, напротив се соочуваме со заострување и проширување на кризата во сите области на нормалното живеење-вели за за Фактор, Ивана Туфекџиќ од Студентскиот пленум. Децидна е дека се поголемиот број млади луѓе на улиците изминативе денови говори за фактот дека на младите им е доста од начинот на кој функционира, односно не функционира општествето, им е доста од партиократијата и клиентелизмот во кој се заробени со години и затоа се решени да го искажат својот став на улица, како единствен можен начин да бидат слушнати. Власта според неа се обидува да испрати порака на страв, закана дека сите ќе бидат уапсени, но за испорака на таа порака како што вели избрале погрешна публика. Апсењата на демонстрантите кои го искажале својот гнев  имреволт и го практикувале правото на протест против одлуката на Иванов, која како што  вели ги урна сите обиди за владеење на право и правна држава и ги сруши и оние кревки темели на институциите во земјата, само дополнително ги мотивира граѓаните да излезат надвор на улиците. “Родителите на демонстрантите, кои Иванов ги повикуваше да ги вразумат своите деца, се со нив на улиците, нивните колеги, пријатели, другари се исто така надвор на улиците. Така што некако му доаѓа на еден притворен, доаѓаат уште 10 нови граѓани, кои покрај револтот од одлуката, ги изнел и гневот за вежбање право и правда врз демонстранти, додека за изборна кражба и украдени милијарди евра народни пари некои се шетаат со мерцедеси”-потенцира Туфекџиќ. Светлина во Специјалното јавно обвинителство Откако на виделина почнаа да излегуваат сознанија за криминали во кои биле вмешани  високи функционери од власта, додава Туфекџиќ, довербата во институциите е изгубена. Процесот за враќање на довербата вели ќе биде долг и макотрпен процес во кој покрај експерти ќе мора да бидат  вклучени и граѓаните чии ставови треба да бидат  вградени во самиот систем. 11198465_10205340698350501_2036798711_n “Мислам дека времето во кое можевме да говориме за какво такво функционирање на институциите ни истече. За жал, по првиот удар од Уставниот Суд во кој ја изгубивме само таа институција, потоа Претседателот зададе толку силен удар со својата одлука за помилување што буквално не остана ниту една институција која може нормално да функционира. Јас единствена светлина гледам во Специјалното јавно обвинителство, за кое очигледно има најсилна борба да се оспструира колку што може повеќе и на што е можно повеќе начини. Начин за враќање на довербата во институциите ќе биде градењето од почеток на истите. Не можеме да очекуваме дека после толку удари, партизираност и на крајот крах на истите тие магично самите ќе почнат да работат во корист на граѓаните”-нагласува студентката од Пленумот. Што ако договорот од Пржино е мртов? Оттука “пиши- бриши”  политиката  со граѓанската контрола на Избирачкиот список не ја зголемува довербата на граѓаните во истиот. Неисполнетите услови за реализирање на фер и демократски изборен процес, додава, од оваа перспектива ги прават закажаните избори на 5 јуни невозможни. 1531785_917749321592344_7003871898388349119_n “Ако договорот кој го потпишаа четворицата лидери на политички партии, а на кој гарантори се ЕУ и САД, веќе не важи, а Претседателот успешно го ликвидираше со одлуката за помилување, тогаш треба да се тргне од реформските процеси и нивна анализа. Најпрвин Избирачкиот Список за кој сега ние граѓаните немаме поим дали е прочистен или не, бидејќи Дирекцијата за заштита на лични податоци ни го ускрати тоа право на јавен увид откако претходно на ДИК и дала дозвола и упатства за јавниот увид. Пиши бриши политика со граѓанската контрола на Избирачкиот список во никој случај не ја зголемува довербата на граѓаните во истиот, па сега мораме да веруваме на збор дека списокот е прочистен. Втората точка беа медиумите, каде немаше реформи, а за состојбата не извести Фридом Хаус со сместувањето во неслободни земји. И на крајот ако само владеачката партија учествува на изборите, тогаш за какви избори ние зборуваме? Изборите се натпревар меѓу сите политички актери, а танго со еден не се вика танго” -анализира Туфекџиќ. Порака за Пандов Протестите според неа се личен избор и мотивација, а контрапротестите се  уште еден  феномен по кој можеби ќе биде запаметена Македонија.  Јазот помеѓу граѓаните од двата табори  веќе не е толку голем,  бидејќи  како што вели постојат исплашени и уценети граѓани од овие неколку кои одлучиле по секоја цена да бранат криминал и граѓани на кои им е доста и бараат институции, правда, еднаквост, демократија и чесност.  Верува  дека наскоро и исплашените и уценетите ќе ги скинат своите стеги, па потоа како што вели  овие осамените веројатно ќе бараат од Уставниот Суд да ги укине и граѓаните како антидржавен елемент. “Контрапротестите јас лично не ги разбирам, но како и сите и тие имаат уставно право на протест и го практикуваат истото. Повиците за насилство од Филип Петровски пред нивниот голем протест пред Собранието беа загрижувачки, не заради нашата безбедност, туку заради злоупотребата на уставното право на протест за повик на насилство. За среќа, групите беа разумни и смирени. Но, за жал видлив беше апаратот за притисок на ВМРО-ДПМНЕ врз граѓаните да излезат на тој собир и против својата волја, со разни уцени, закани и притисоци. Се надевам дека конечно ќе престане овој тренд на малтретирање на администрацијата само за да може одредени личности преку ГДОМ да се себепромовираат пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде поголем заштитник на криминал, и дека тоа ќе продолжат да го прават самостојно, без да уценуваат и заплашуваат сограѓани”-нагласува Туфекџиќ. timthumb (1) За излез од политичката криза не сака да зборува  бидејќи не сака да се занимава со политичко предвидување, но јасно е вели дека досегашните начини на менаџирање на македонската општествено политичка криза потфрлија и дека граѓаните преку улицата сега се важен дел од равенката наречена решение на кризата. “Како студент на катедрата Уставно Право на Правниот Факултет преку Фактор.мк би сакала да му порачам на Александар Пандов да го отвори Уставот на Република Македонија членот 20 во кој се вели: На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат. Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост. Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија. Верувам дека Уставниот Суд во ваков состав, и со барање од оние кои и претходно вршеле нарачки без проблем ќе ја реализира желбата на ГДОМ. Сепак, многу би сакала да ги видам аргументите и доказите на Судот за секое здружение или партија во кое ги подведува во здруженија кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок или воена агресија и национална, расна и верска омраза”- објаснува  Ивана Туфекџиќ. Без повлекување на аболицијата,  дијалогот  неможе да се врати на маса. Бидејќи засега нема најави за такво нешто, улиците остануваат сеуште полни -порачува  студентката по уставно право. С.Б.
Слично

Поврзани вести