Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишната „винетка“ во Бугарија ќе поскапи до 100 лева, колку чини во другите земји?

Годишната „винетка“ во Бугарија ќе поскапи до 100 лева, колку чини во другите земји?

Предвидено е бугарските винетки да поскапат, но веројатно нивната цена ќе биде до 100 лева пренесуваат бугарски медиуми повикувајќи се на министерот за финансии, Владислав Горанов .

Според него дебата за цената на винетки треба да има и ќе има. "Таа не е зголемена од 2008 година и сигурно би било добро да се зголеми, изјавил министерот."

 "Се согласувам дека со 67 лева винетки да сакате да имате автопати, 30 000 км меѓународна патна мрежа и таа да се одржува, тоа е нереално. При низок даночен товар треба да свикнеме дека ќе има се повеќе плаќања според потрошувачката ", изјавил Горанов.

Постојат два основни начини за преминувањето на јавните патишта - со плаќањето такса на патарина , односно плаќање само при преминување на автопатот или со винетка. Во Романија годишната винетка е 55 лева а во Бугарија во моментов таа е 67 лева.

Во Австрија, која е значително побогата од Бугарија, работите изгледаат различно. Винетките таму се на цена од 165 лева. Но во исто време земјата има над 2 пати повеќе километри автопат - 1720 километри, додека во Бугарија има 760 километри автопат. Просечната нето плата во Австрија пак е 4536 лева.

Во Унгарија се плаќа само за магистрали и за дел од првокласните патишта. Годишната винетка таму е 267 лева. Автопатите пак се околу 1400 километри и со совршен квалитет. Просечната нето плата во земјата е над 1.000 лева. Во Унгарија има и регионални винетки.

Слично

Поврзани вести