Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОДИШНАТА ПЛАТА НА ДИРЕКТОР НА СИЛНА ЕВРОПСКА ОСИГУРИТЕЛНА ГРУПАЦИЈА СЕ ДВИЖИ ОД ЕДЕН И ПОЛ ДО ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - Вилма Учета-Дузлевска за Бизнис муабети на Фактор

ГОДИШНАТА ПЛАТА НА ДИРЕКТОР НА СИЛНА ЕВРОПСКА ОСИГУРИТЕЛНА ГРУПАЦИЈА СЕ ДВИЖИ ОД ЕДЕН И ПОЛ ДО ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - Вилма Учета-Дузлевска за Бизнис муабети на Фактор

Годишната плата на директор на силна групација што работи во осигурителниот бизнис во земја членка на Европската унија може да се движи од 1,5 до два милиони евра, кога станува збор за осигурителна групација што работи во приватниот сектор. 

Ова за поткастот Бизнис муабети кој оди на порталот Фактор го открива Вилма Учета Дузлевска, генерален директор на Триглав осигурување за Хрватска, во првото интервју за 2025 во Бизнис муабети на нашиот портал, почитувани читатели.


Всушност, со разговорот со Учета Дузлевска ја стартуваме втората сезона од поткастот Бизнис муабети на Фактор, кој исклучително успешно се етаблираше, поради што неминовно одлучуваме да продолжиме со него и оваа година. 

Таа уште дополнува дека во Македонија се издвојуваат 20 до 25 евра по жител за животно осигурување, а во Хрватска таа бројка е 100 евра, а во Словенија е околу 400 евра. Значи 400 евра по глава на жител е стапката на животно осигурување. Во Србија е околу 35 евра по глава на жител, а дури и Босна и Херцеговина има повисока стапка од нашата.

Таа нагласува и дека во осигурителниот бизнис има пари. „Секако дека има пари, доколку нема, бизнисот не би ни постоел“, вели Учета Дузлевска.

Компаниите од осигурителниот бизнис имаат обврска да го претвораат профитот во акумулирана добивка, за да јакнат средствата, за да јакнат тие компании. Сите силни европски и светски осигурителни компании котираат на Берза. 

Слично

Поврзани вести