Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишен хороскоп за 2016 – Вага

Годишен хороскоп за 2016 – Вага
  Издигнувањето на свеста, работењето на личниот развој и елиминирањето на илузиите дека нештата може прекуноќ да се подобрат треба да претставуваат камен-темелник врз кој Вагите ќе ја изградат перспективата во текот на 2016 година. Влијанието на планетата Уран во полето на бракот и партнерството на Вагите родени во третата декада ќе им донесе необични ситуации, непредвидливи настани и авантуристички пристап во љубовта, но и во работата. Затоа им се препорачува да не брзаат со влегување во брачните води, добро да го преиспитаат карактерниот профил на деловниот, односно љубовниот партнер, да поминат повеќе време со него, а дури потоа да изградат посериозна соработка во односот. Од друга страна, Вагите што се наоѓаат во проблематична врска во подолг временски период неопходно е да размислуваат за нови моменти во животот и да се ослободат од стегите на неперспективното и непродуктивно партнерство. Аналитичкиот пристап, ослободувањето од непродуктивните мисли за тоа што поминало и оптимистичката насоченост кон иднината ќе ви донесат позитивни плодови во сегашноста и многу похармонична перспектива во љубовта, односно работата. Изолацијата и пасивноста не ви се препорачуваат, како и другарувањето со единки што постојано ве критикуваат и исцрпуваат на психофизички план. Во текот на 2016-та година ќе бидете страствени, магнетски привлечни и романтични. Септември е најдобар месец за да влезете во нова врска, која драстично ќе ви го промени љубовниот живот. Нестабилните врски оваа година ќе се соочат со тешки моменти и од истите ќе бидат прекинати. Љубовниот живот ќе ви стане постабилен по ноември. Кога е во прашање кариерата, 2016-та година ќе биде поволна за нови проекти. Ќе мора да се истакнете и да имате поголема самодоверба во активностите за да ја исполните целта. Може да се соочите со препреки и отпор од некои блиски колеги, но од друга страна ќе ги има и оние кои ќе ве поддржуваат од се срце. Во работата мора да бидете уверливи за да ја победите конкуренцијата во 2016-та. Важните работни одлуки донесувајте ги во втората половина од 2016-та. Ве советуваме одлуките да не ги донесувате ненадејно, туку промислено. Дајте си повеќе време за размислување. Благодарение на Јупитер оваа година ќе си ја подобрите финансиската ситуација. Во тоа ќе ви помогнат долгорочните вложувања и планирања. Крајот на годината е поволен за решавање на проблемите со имот. Ослободувањето од непотребните трошоци ќе ви помогнат да постигнете поголема стабилност, па затоа во 2016-та најдобро е да вложувате исклучиво во домот.
Слично

Поврзани вести