Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишен хороскоп за 2016 – СКОРПИЈА

Годишен хороскоп за 2016 – СКОРПИЈА

Позитивно размислувајте и на уште попозитивно надевајте се, зашто хармоничното влијание на планетите ќе ви донесе високи потенцијали за реализација, напредок и исполнување на желбите. Искушенијата, борбите и притисоците со кои постојано се соочувавте во годината што измина сепак нема целосно да ве заобиколат и да ве ослободат од негативните влијанија на надворешната средина. Тоа не треба да ве обеспокои, зашто овој пат ќе бидете многу поподготвени и многу похрабро ќе се фатите во костец со предизвиците и со притисоците. Најважно е што ќе умеете да ги препознаете вистинските вредности и што полека но сигурно ќе го трасирате патот кон мирот и хармонијата во животот. По подолг временски период планетите позитивно ќе влијаат врз вашиот зодијачки знак и ќе ви донесат одлична можност за стабилизирање на состојбата на професионален, односно емотивен план. Шансите за постигнување на успехот и за остварување напредок во сферата на интерес ќе бидат понагласени во првата половина од годината. Осознавањето на сопствените грешки и дистанцирањето од ореолот на вечна жртва и страдалник ќе ви овозможат многу повеќе да ги цените сопствените вредности и да ги искористите своите потенцијали. Затоа, елиминирајте ја малодушноста, не потклекнувајте пред надворешните притисоци и не дозволувајте да ви бидат припишани туѓите грешки и слабости, а со тоа и да преземате одговорност за нештата што не сте ги направиле. Меѓу февруари и мај ќе имате значајни промени во вашиот љубовен живот. Морате да ја контролирате секоја новонастаната ситуација. Бидете трпеливи во втората половина на 2016-та година, но не се откажувајте од замисленото. Целата година ќе ви биде исполнета со страст и предизвици во љубовта. Кога е во прашање работата и кариерата, не треба да ги наметнувате своите идеи на соработниците и колегите. Договорите мора да се остварат преку соработка и компромис. Размислувајте за проширување на вашите знаења и стекнување на нови вештини во текот на 2016-та година. Од април до септември имате најголеми шанси за напредување и професионални патувања. Постојните финансиски проблеми ќе ги решите благодарение на самодовербата и вашите вештини. Од јуни 2016-та година финансиската состојба ќе ви се стабилизира и ќе можете да вложите пари во нешто што ќе ви донесе поголема добивка или да заштедите. При решавањето на финансиските проблеми можат да ви помогнат и професионални лица. Втората половина од годината ќе ви донесе сериозни предизвици. По добра анализа ќе морате да донесете важни одлуки. Подобрувањето на животните околности бара време и напорна работа. Вашата ментална сила и интуиција ќе бидат силно изразени оваа година. Тешко ќе држите баланс меѓу вашиот приватен и професионален живот, но од голема помош ќе бидат вашата внатрешна сила и духовниот напредок.
Слично

Поврзани вести