Годишен хороскоп за 2016 – РАК
Оптимистичката и иницијативна карактерна природа на вашата личност максимално ќе дојде до израз и во текот на оваа година. Потенцијалите за напредок на статусен план, личниот развој и креативноста ќе ве направат мошне активни, решителни и настојчиви во градењето на новите перспективи во животот. Затоа не оставајте ништо на случајноста, определете ги приоритетите и покажете дека умеете да ги препознаете вистинските вредности. Решителноста, афирмативноста и непоколебливоста треба да ви бидат идеја-водилка и силно орудие во градењето на новата перспектива во доменот на љубовта, односно работата.
Патувањата, контактите со интересни лица и зголемувањето на знаењето ќе ви помогнат да ги осознаете вистинските вредности и, наместо да се преокупирате со минатото, да тргнете храбро кон иднината. Затоа верувајте во љубовта, вложувајте во себеси и сфатете дека среќата нема да ве заобиколи доколку работите упорно и вредно. Најважно е да осознаете дека многу нешта повеќе нема да бидат како што биле и дека тоа што го заслужувате ќе го добиете. Акцентот ставете го на семејните односи, односно на љубовната состојба, која од вас ќе бара целосна посветеност и ментална ангажираност.
Раковите кои ќе влезат во нова врска во вториот квартал од годината, мора да бидат многу внимателни. Помеѓу март и јуни компатибилноста на партнерите кои се во врска ќе биде прилично лоша. Склони сте на менување на расположението и односот кон партнерот. Не очекувајте некој друг да ви ги реши проблемите во врската. Ќе ги надминете само со заеднички сили и договори, доколку има волја.
Влијанието на планетата Сатурн во полето на работа и здравје, може да ви создаде искушенија и ограничувања во професионалната сфера, односно поголема чувствителност на здравствено и емотивно поле. Поуката е да размислувате за нештата што сте ги постигнале и за тие што сметате дека ги заслужувате, бидејќи само така ќе го добиете тоа што го посакувате.
Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе. Во овој период релативно добро ќе се согласувате со домашните. За Водолиите кои се сами, љубовниот хороскоп за оваа година е наклонет бидејќи постои голема можност конечно да влезете во сериозна и долга врска. Најголеми изгледи за тоа има за време на пролетта. Кон крајот на годината чувајте се од караници и несогласувања како со партнерот, така и со своите блиски луѓе и семејството.
Најважно е со нова свест и позитивна енергија да работите на подобрување на статусот, да излезете од оклопот во кој се наоѓате и да не стравувате од перспективите што ќе ви се отворат. Вие најдобро знаете дека успехот никогаш не е плод на случајноста, туку на упорното и посветено работење на самите себеси и на околностите во кои се наоѓате.
Слично
