Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишен хороскоп за 2016 – ЛАВ

Годишен хороскоп за 2016 – ЛАВ
  Во љубовта следете го флуидот и отворете се за задоволствата. Со својата магнетска привлечност и со повисокото ниво на самодоверба максимално ќе ги освојувате припадниците на спротивниот пол и ќе создадете стабилна перспектива на емотивен план. Можностите за напредок и за остварување на желбите особено ќе бидат присутни од средината на јули до крајот на годината. Тоа значи дека не треба да се пасивизирате и да го одолжувате преземањето активности, туку добро да се подготвите и да направите нешто големо и значајно во животот. Положбата на Јупитер ќе ви донесе одлични можности за напредок на сите животни полиња и оптимизам. Идеално време максимално да го искористите вашиот капацитет и да преземате иницијатива. Сепак, потребно е и да ги слушате другите луѓе. Во овој период ќе го проширите својот социјален круг што ќе ви помогне да дојдете до остварување на многу успеси. Ако упорно и посветено работите, ќе го остварите тоа што го посакувате, бидејќи позитивното влијание на Уран ќе ви донесе голема трансформација и нови моменти во животот. Сепак, нерационалниот пристап во љубовта и преголемата доверба во зборовите и ветувањата на другите може да ви донесат големо разочарување, така што ви се препорачува да не влечете брзи и непромислени потези во периодот од 14 мај до 16 јули. Сепак, главниот акцент во 2016 година треба да го ставите на подобрувањето на љубовната состојба и на хармонизирањето на сопствената личност. Аспектите за доживување силна еротска и емотивна поврзаност особено ќе бидат присутни во периодот од 18 август до 7 декември. Аналитичкиот пристап, ослободувањето од непродуктивните мисли за тоа што поминало и оптимистичката насоченост кон иднината ќе ви донесат позитивни плодови во сегашноста и многу похармонична перспектива во љубовта, односно работата. Изолацијата и пасивноста не ви се препорачуваат, како и другарувањето со единки што постојано ве критикуваат и исцрпуваат на психофизички план. Имате одлични планови и идеи, но потребна ви е поддршка од претпоставените, ако сакате да ги остварите вашите цели. Со колегите треба да бидете љубезни и искрени и да не се двоумите да им кажете што мислите. Во првите три месеци од 2016-та година размислете за вашиот статус поврзан со професионалниот живот и дефинирајте ги вашите идни планови. Потпрете се на вашата интуиција при одредувањето на стратегиите за она што сакате да го постигнете. Кога целосно ќе знаете што сакате, разработете идеи и планови за да можете да се насочите кон делување. Концентрирајте се на процесот кој ве води до остварувањето на целите.
Слично

Поврзани вести