Годишен хороскоп за 2016 година – ОВЕН
Оваа година Овните ги чека успех на сите полиња. На емотивен план ќе ви се реализираат огромен број работи, кои порано стоеле во сенка. За Овните, 2016 година ќе биде година на трансформација, како за нив, така и за нивната околина.
Затоа треба да бидете доследни на себе и да ги прифатите предизвиците кои ве очекуваат. Веќе нема да имате оправдувања за недостаток на енергија, бидејќи веќе во март започнува силното влијание на ѕвездите врз вашата комуникативност, шарм и врз талентот за дипломатија. Бидете храбри и самоуверени, но и не заборавајте на вашата разиграна особина да уживате во животот.
На работно и финансиско поле оваа е година ќе биде многу значајна. За што и да се фатите, ќе ви појде од рака и тоа со неверојатна леснотија. Ако барате работа веќе подолго време, конечно ќе ја најдете и ќе се вработите. А ако веќе работите или развивате некој бизнис, работите ќе одат по нагорна линија. За разлика од финансиската ситуација, на љубовно и семејно поле ќе биде малку нестабилно. Избегнувајте бурни кавги со партнерот, особено во првиот квартал од годината. Обидете се да го одржите мирот во куќата и убаво да се согласувате со вашите домашни. Разбирањето и трпението ви е важно, а и со подобрувањето на финансиската состојба се ќе оди полесно.
Вашата потрага по сродна душа ќе заврши до крајот на годината. Веќе постоечките врски ќе стануваат само посилни, а можна е и принова во семејството. Во врските ќе има поголема страст и без никаков проблем ќе го привлечете спротивниот пол. Помеѓу февруари и мај вашите љубовни пресуди нема да бидат најдобри, па немојте да се впуштате во авантури.
Овните кои се во брак може да очекуваат хармоничен однос со партнерот во текот на 2016-та. Сепак, избегнувајте ја потребата да доминирате, само така ќе ги избегнете можните конфликти. Посветете внимание на потребите и на она што ви го кажува партнерот. Во вториот дел од годината страста е на високо ниво, па може да очекувате и принова. Односите со останатите членови од семејството ќе бидат беспрекорни.
Поставеноста на планетата Уран во вашиот знак укажува дека не треба да одложувате донесување одлуки по значајни животни прашања, туку да соберете храброст и да преземете иницијатива за нештата конечно да се реализираат и да ви отворат пат кон поубава и поперспективна иднина на семеен и професионален план. Самосвеста, вложувањето во сопствените вредности и неутрализирањето на стресот и нервозата ќе ви помогнат да го воспоставите внатрешниот мир и да ги утврдите суштинските приоритети во животот. Тоа ќе го постигнете ако, наместо да се преокупирате со туѓите влијанија, повеќе работите на личното воздигнување и на емотивното хармонизирање.
Позитивниот пристап, самодовербата и иницијативноста нема да ве заобиколат туку ќе ви овозможат високо ниво креативна енергија и конструктивност во реализацијата на целите.
Слично
