Годишен хороскоп за 2016 година – БИК
Оваа 2016 година, целиот ваш вложен труд, конечно ќе се испати. За некого веќе започнаа наградите и признанијата оваа година, но во наредната конечно ќе стигнете до вистинскиот успех. За вас ова е година на упорност и исплатливост. Покрај тоа, ќе имате и добар прилив на пари.
Во првата половина од годината ќе го искористите големото влијание на Јупитер во подрачјето на работата и практичноста, а тоа значи дека ќе имате доволно шанси за напредок и заработување. Најдобрата вест за вас е тоа што, оваа година повеќе ќе се фокусирате на забавните аспекти, отколку на работата. Наместо поголемиот дел од времето да го поминувате посветувајќи ја вашата енергија на рутински работи, ќе барате повеќе начини и ќе посветувате повеќе време на креативност и романтични остварувања.
Потребата за иницирање промени и за создавање нови перспективи во работата и во љубовта ќе ве мотивира да ги прекинете односите со лицата што ограничувачки влијаат кон вашата животна визија. Затоа, отворете се за сите оние што позитивно ве стимулираат и не дозволувајте кризата и неизвесноста и понатаму да ве блокираат на психофизичко поле.
Љубовта ќе биде основниот агенс на сила што ќе ве движи напред, така што ќе ги избегнувате лицата што се наклонети кон негативистичкиот пристап, а ќе се ориентирате кон оние што манифестираат афирмативност и негуваат позитивни перцепции за вредностите на животот. Поради хармоничниот транзит на Јупитер низ вашето поле на креативиста, очекувајте подибрување во сферата на љубовните интеракции, можност за остварување квалитетна врска, продлабочување на истата, а во крајна линија и потомство.
На професионален план не ви се препорачуваат ризични активности и менување на работното место. Стабилноста, посветеноста и одговорноста и понатаму ќе ја карактеризираат вашата личност, така што продолжете одмерено и рационално да им пристапувате на предизвиците и да опстојувате на моралните вредности. Многу нешта за кои очекувавте решавања во минатиот период конечно ќе ја имаат својата реализација и ќе ве ослободат од стегите и наметнатите ограничувања.
Ова е добра година за нови предизвици и промоција на нови производи. Биковите кои работат во поголеми фирми ќе се соочат со големи предизвици и ќе им треба поддршка од надредените за да ги остварат целите. Социјалните вештини се важни и ќе ви помогнат да му се доближите на успехот.
Слично
