Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишен хороскоп за 2016 – Девица

Годишен хороскоп за 2016 – Девица
  Добрата организација, насоченоста кон лицата што позитивно ве стимулираат и вложувањето во статусот треба да ви претставуваат приоритет и главна преокупација. Менталната хармонизираност и согледбата дека можете и заслужувате многу повеќе позитивно ќе влијаат врз вашата личност и ќе ве поттикнат да напредувате во сите сфери на животот. Затоа, колку и да се присутни борбите, неизвесностите и ограничувањата, верувајте во себеси и не потклекнувајте пред налетите на негативните околности. Патувањата, напливот на страста, усовршувањето на знаењето и поддршката од јавноста се само дел од влијанието на Јупитер во вашиот знак. Сепак, на Девиците родени во втората декада им се препорачува да внимаваат на психофизички план и да не ја предизвикуваат судбината во доменот на здравјето, љубовта и финансиите. Имено, во периодот од 24 мај до 17 август, предизвикувачките констелации може да им создаде криза, проблеми во односот со надворешната околина, ограничувања и неизвесност во животот. Афирмативниот пристап, добронамерноста во дејствувањето и дистанцирањето од штетните влијанија треба да ви претставуваат главна потпора во градењето на новата основа во животот. Најважно е енергијата да не ја трошите на лица и ситуации што не ветуваат напредок и да престанете критички да се апсолвирате самите себеси и околностите во кои се наоѓате. Без позитивен поттик и оптимистичка визија, колку и да се ѕвездите хармонично насочени кон вашиот зодијачки знак, нема да ги помрднете нештата од мртвата точка и да постигнете значајни резултати во доменот на работата, односно на љубовта. Ако сте невработени, веќе на почетокот на годината можете да очекувате добри можности. А ако веќе работите нешто, конечно ќе излезете во преден план и ќе доминирате во вашата работа. Ако имате деца, односот со нив ќе биде хармоничен, како и со вашиот партнер. Ако сте сингл, може да се случи да отпатувате во странство или дури да прифатите некоја возбудлива работа, која подоцна ќе резултира со нови романси. Ве чека навистина возбудлив период и искористете го на најдобар можен начин она што ви претстои, бидејќи ќе ве следи добра среќа буквално со што и да се занимавате и речиси на секое поле.
Слично

Поврзани вести