Годишен хороскоп за 2016 – БЛИЗНАЦИ
Се чувствувате растргнато меѓу разумот и емоциите, така што ќе ви бидат потребни голема аналитичност, трпеливост и одговорност во дејствувањето. Многу нешта во животот не ви се поставени на вистинското место, бидејќи во претходната година повеќе се занимававте со проблемите на другите, отколку што работевте на хармонизацијата на сопствената личност и судбина. Ѕвездите ви препорачуваат предност да му дадете на разумот и мудро да ги процените околностите во кои се наоѓате.
Размислувајте позитивно, зашто проблемите во кругот на семејството постепено ќе исчезнуваат, така што не треба да стравувате за состојбата во која се наоѓаат блиските. Паметно управувајте со финансиските средства, вложувајте во недвижности и преиспитајте ги можностите за подобрување на материјалната состојба. Предиспозициите за проширување на семејството, за хармонизирање на љубовната состојба или за остварување перспективна врска максимално ќе ви се зголемат од 12 мај до 21 јули. Во периодот од 17 февруари до 5 јули не ви се препорачува да влечете брзи и непромислени потези, да влегувате во конфликти со претпоставените или со соработниците и да преземате ризични активности на професионален, односно на љубовен план.
Во текот на 2016-та љубовниот живот ќе биде турбулентен. Нестабилните врски оваа година ќе пукнат, а кон новите врски ќе имате многу поразличен поглед. Август ви носи нешто помирна атмосфера и задоволство низ љубовниот живот. Ноември е поволен месец за планирање принова и донесување важни одлуки за иднината.
Кога е во прашање кариерата ве очекуваат многу изненадувања и важни случувања. Добро подгответе се за тоа и немојте да потклекнете пред првиот проблем кој ќе се најде пред вас. Имате добри изгледи да склопите важни работи кои ќе ви донесат многу пари и кончна стабилизација на финансиски план. Иако кризата е се поголема, вие би можеле да бидете во добра позиција, само ако верувате во себе и сте упорни.
Концентрирајте се на собирањето нови информации и развивањето на нови методи кои ќе ви помогнат во работата, односно во планирање на вашата иднина. Довршете ги проблемите кои долго ги одложувате и решете ги заостанатите проблеми. Би требало да вложите повеќе пари во проектите и да побарате совет од стручни лица во работата за која сте заинтересирани. Очекувајте подобрување на својот статус во деловниот свет.
Иако влијанието на Сатурн малу ќе ве направи осамени, преку него ќе добиете потребно време за да видите што правите во животот. Така ќе ги пронајдете вашите тајни извори на внатрешна енергија. По природа сте човек кој оди на сѐ или ништо, па по пронаоѓањето на новата енергија повторно ќе се врати вашето расположение и одлучноста работите да ги правите по свое.
Слично
