Економија, финансии, бизнис

Контакт

Години ќе бидат потребни за колективен имунитет

Години ќе бидат потребни за колективен имунитет

Ќе бидат потребни неколку години за колективен имунитет во Словенија. 

Ова го изјави денеска Алеш Розман, директор на клиниката Голник, една од четирите болници во Словенија што примаат заразени со Ковид-19.

Вели дека Словенија може да се смета за една од најуспешните држави во борбата против вирусот. 

Советува дека по епидемијата би било неопходно да се одржи социјалната дистанца и да се откаже честото дружење на кафе. 

Изминатото деноноќие се направени нови 1.232 тестирања, и се потврдени 28 случаи на новозаразени со коронавирусот. 

Во изминатите 24 часа, од болница се пуштени 11 пациенти, а пет починале како последица на вирусот. 

Слично

Поврзани вести