Годинава помалку огревно дрво во Македонија
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје годинава е намалено за 3,5% во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување има кај рудничкото дрво од листопадни видови, огревното дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови.
Зголемување е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепеници, дрвени мотки и колци, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.
Слично
