Годинава во јуни издадени 10.1% повеќе одобренија за градби
Годинава во јуни се издадени 186 одобренија за градби, што претставува раст од 10.1% за разлика од претходната година истиот месец.
Од Државниот завод за статистика велат дека предвидената вредност на објектите изнесува 2 880 672 илјади денари, што е за 49.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (62.4%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (15.0%) за објекти од нискоградба и 42 (22.6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 186 објекти, во 134 (72.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 52 објекти (28.0%) инвеститори се деловни субјекти, додека предвидена е и изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 20 688 м2.
Слично
