Голем број Авганистанци сакале да влезат во Турција
Има наплив на Авганистанци кои сакаат да влезат во Турција. Во земјата од почетокот на годината задржани се скоро 100.000 илегални мигранти.
Од почетокот на годината запрени се 94.915 илегални мигранти, меѓу кои 40.098 Авганистанци. Ова го објави заменик -министерот за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, објави весникот „Хуриет“. Турција внимателно ја следи ситуацијата во Авганистан и можноста за политичка нестабилност. Државата спречила илегален влез на повеќе од 505.000 странци преку нејзините граници во 2020 година, а оваа година бројката досега е 307.800. Откако на 15 август, Талибанците ја презедоа целосната контрола на Авганистан, бегалци од оваа земја беа примени во повеќе држави. Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц ги повика Турција и Грција да спречат мигрантите да стигнат во Европа.
