Годинава Албанија ќе почне преговори за членство во ЕУ
Aлбанската Влада планира целосно да ги реализира започнатите реформи во судскиот систем.
Со тоа до крајот на 2016 година треба да го постави прашањето за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Еуроњуз.
Тој вели дека Владата посветено и активно работи на спроведувањето на планираните реформи во судскиот систем. Рама очекува наскоро тие реформи да бидат завршени.
„Тоа претставува уставна реформа. Таа е фунадаментална и радикална и таа треба целосно да го промени судскиот систем“ - рече Рама.
Албанија поднесе апликација за прием во ЕУ во 2009 година, а пред две години на земјата и беше доделен статус кандидат за членство во Унијата.
Слично
