Година дена не трошела пари - еве како живеела
Новинарката Мишел Мегах година дена не трошела пари, а своето искуство го опишала за Гардијан.
Таа решила да не троши за ништо друго освен за основните потреби.
„Почнав на петок 27 ноември кога сите трчаа да купуваат по продавници. Првите 6 месеци беше тешко и се научив на нов начин на живот. Тој предизвик ме направи побогата и помудра. Сфатив колку пари трошев на кафиња, ресторани, пабови, на непромислено купување. Како новинарка која пишува за финансиски теми, пишував за мерки за штедење, но тоа не го применував и луѓето мислеа дека немав проблем со парите“ - раскажува таа.
Со идејата да не троши пари една година, решила да ги тренира своите навики за штедење иако тоа било екстремно.
Првите месеци и било тешко додека да се навикне дека наместо да купи автобуски билет, морала да вози велосипед.
Одела во кино, на претстави, но само кога тоа било бесплатно.
На одмор одела со велосипед и кампувала.
Сфатила дека со своето штедење долгот кон банката нема да го отплаќа 25 години, туку пократко.
