Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ЗАМОЛИЛ ВОЗАЧОТ ДА ЗАСТАНЕ ПОКРАЈ КАРПАТА , А ПОТОА СКОКНАЛ ВО МОРЕТО ИЛИ СЕ ЛИЗНАЛ: Две верзии за смртта на српскиот амбасадор Антиќ во Португалија

ГО ЗАМОЛИЛ ВОЗАЧОТ ДА ЗАСТАНЕ ПОКРАЈ КАРПАТА , А ПОТОА СКОКНАЛ ВО МОРЕТО ИЛИ СЕ ЛИЗНАЛ: Две верзии за смртта на српскиот амбасадор Антиќ во Португалија

Српскиот амбасадор во Португалија Оливер Антиќ почина во мистериозна несреќа, а за тој настан постојат две верзии.

Португалските медиуми пишуваат дека Антиќ се самоубил.

Според весникот „Корео де мања“, тој во свесна состојба бил извлечен од водата, но не преживеал.

Несреќата се случила вчера околу 13 часот по локално време во Бока де Инферно, во провинцијата Каскаис. Во буквален превод, местото каде што Антиќ наводно се самоубил значи „пеколна уста“.

На местото на несреќата биле припадници на поморската полиција и противпожарната служба.

Според магазинот CM, амбасадорот Антиќ бил во возилото со возачот, кому му наредил да застане до карпата, од која потоа наводно се фрлил.

Медиумите пишуваат дека веднаш била повикана локалната поморска полиција и пожарникари, а Антиќ се уште бил жив кога го извлекле. Постои и верзија дека Антиќ побарал од возачот да застане за да се фотографира, но тој се лизнал и паднал од карпа.

За смртта на српскиот амбасадор во Португалија пренесе и британската агенција Ројтерс, која повикувајќи се на локалната противпожарна единица наведува дека амбасадорот починал откако паднал од карпа во градот Каскаис кај Лисабон.

Портпаролот на противпожарната бригада не сакаше да ги коментира околностите кои довеле до несреќата, а за Ројтерс изјави дека брзата помош брзо пристигнала на местото околу 13:30 часот по локално време и го нашле Антиќ жив, но тешко повреден.

-Брзата помош се обидела да го спаси, но тој набрзо починал, изјави портпаролот.


Слично

Поврзани вести