ГО ЗАБОРАВИЛ ПЛИНОТ И ОТИШОЛ НА ПЛАЖА, А ПОТОА ВЛЕГОЛ И ЗАПАЛИЛ ЦИГАРА: Познати нови детали за инцидентот во кој експлодираше плинска боца во Грција
Грчките медиуми излегоа со нови детали за неодамнешниот инцидент, во кој, експлодираше плинска боца во Аспровалта, во кој пет лица од Србија беа повредени.
Според новите детали објавени од грчките медиуми, експлозијата се случила откако еден од туристите заборавил да ја затвори плинската боца пред да излезе на плажа.
Плинот останал пуштен, ја исполнил собата, а по враќањето на туристите во апартманот, едниот турист започнал да прави кафе, додека тешко повредениот запалил цигара. Се верува дека токму ова ја предизвикало детонацијата, која имала сериозни последици.
Слично
