Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го возеа сите Југословенци, сега повторно се враќа

Го возеа сите Југословенци, сега повторно се враќа

Некогаш најпознатиот југословенски велосипед Пони наредната година доаѓа на пазарот.

Тој ќе се произведува по италијанска лиценца во Словенија.

Велосипедот е модернизиран, а неговата цена, како што сметаат некои, ќе биде проблематична.

„Велосипедот ќе се произведува во неколку верзии и од различни материјали, а цената на основниот модел ќе биде 329 евра, додека најскапиот „премиум“ модел со дополнителни компоненти ќе чини 789 евра“, објавија словенските медиуми.

Производството почнува на пролет, но веќе може да се порача.

Ќе ги продава фирмата BTC, а официјално ќе ги произведува претпријатието „Гора колес“, во соработка со Горење од Велења, во чии погони и ќе се монтира.

Концернот Горење, произведувач на домашни апарати, лани ги откупи правата на производство на легендарниот Пони велосипед од љубљанската фабрика Рог која пред неколку години отиде во стечај.

Модернизираниот Пони кој е наречен сега „Гор колес“ ќе биде наменет за сите возрасти, а на почетокот купувачите ќе може да бираат помеѓу три модели во 28 различни комбинации.

„Засега ќе се составува од компоненти увезени од Кина, а купувачите ќе мора на испораката да чекаат неколку месеци“, тврди мариборскиот весник Вечер.

На почеток имаат план да направат околу 4 000 велосипеди, за да видат како ќе оди продажбата. Сметаат во прв план на можни купувачи од Словенија, Хрватска и Србија, а потенцијално и на други пазари.

„Во иднина сметаме и на варијантата Гор колес на електирчен погон“, рекол еден од водачите на проектот Рок Лесјак.

Слично

Поврзани вести