Го удри прво деветгодишниот син кој леташе десет метри: Очајниот татко раскажува за несреќата во која му настрадаа двете дечиња
Момчињата, кои синоќа беа удрени од автомобил во белградската населба Карабурма, чиј возач потоа избега, се наоѓаат во болница со доста сериозни повреди, јавуваат српските медиуми. Пренесуваат изјава од таткото на малите деца кој бил со нив за време на несреќата,а самиот има помали повреди. Постариот син Стефан кој имал само девет години сега е во кома и е во Ургентниот центар, додека четиригодишниот Лука бил хоспитализиран на детската клиника каде му била оперирана бутната коска.
Михајло, нивниот татко има две напукнати ребра и тој не беше хоспитализиран. Во изјава за Курир.рс ја арскажува случката.
„Бевме на пешачкиот премин на улицата Маријана Грегоран. Автобусот застана и почнавме да преминуваме. Стигнавме до средината на пешачкиот премин, но автомобилот го заобиколи автобусот и не удри директно. Прво возило удри во постариот син и го фрли на 10 метри, а потоа ме удри мене и ме заврте. На крај беше удрен помлад син кој го фрли под друго возило - вели несреќниот татко и додава: - Видов дека постариот син е сериозно повреден, му пријдов и се обидов да му ги отворам дишните патишта. Тој во моментов е во кома и има скршеница на черепот, но се надеваме на најдоброто. Помладиот син сега е добро - има скршеница на левата коска која се се оперира.
Белградската полиција го уапси доцна синоќа возачот на црниот автомобил „Цитроен Ц5“, кој синоќа околу 21 часот на улицата „Маријана Грегоран“ на број 50 удри во момчињата.
