Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го убиле гостинот на спиење и отишле да му ја ограбат куќата

Го убиле гостинот на спиење и отишле да му ја ограбат куќата

Брачен пар го убил својот гостин додека спиел. Ова е монструозното злосторство кое ја потресе соседна Србија, а се случило во Свилајнац. 

Поради сомневање за извршено кривично дело „тешко убиство”, во Србија се уапсени брачен пар и уште едно лице, пишува српски „Курир”.

Тие на 14 септември во куќата на сопружниците, со удари со шише вино усмртиле 75-годишен маж, кој кај нив бил на гости.

Телото го ставиле во багажникот на неговото возило и го оставиле во дворот на една викендичка.

Тројцата потоа отишле со автомобил до куќата на жртвата, од која украле велосипеди. Полицијата подоцна ги пронашла велосипедите во домот на осомничените.

Слично

Поврзани вести