Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го убил оти ја фалел Катица Јанева

Го убил оти ја фалел Катица Јанева

Расправијата за политичката криза во Македонија заврши кобно за 80-годишен маж кој беше претепан од смрт од неговиот соговорник, кој не се согласувал со неговите убедувања.

Ристе Стојановски од село Маково бил претепан со овчарски стап од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се израдувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Настанот се случил вчера попладне пред селската продавница, каде по неколку испиени чашки ракија почнала кавгата.

Јавното обвинителство во Битола спроведе истражна постапка за убиството на старецот, a обвинетиот е притворен.

Слично

Поврзани вести