ГО ПОБЕДИ ДУРИ И ФЕДЕРЕР, НО НЕ И ХЕРОИНОТ: „Дрогата ме уништи“-најголемата надеж на југословенскиот тенис Никола Гњатовиќ за мачните предизвици
Поранешна Југославија
отсекогаш била земја на тениски таленти и големи шампиони. Од
БобаЖивојиновиќ и Горан Иванишевиќ, преку Моника Селеш до Ана Ивановиќ, Јелена
Јанковиќ и најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ. И додека сите знаеме за
наведените имиња, за Никола Гњатовиќ, пошироката јавност ретко слушнала. И ова
е можеби најголемиот тениски талент на овие простори во последните неколку
децении, момче за кое Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак, рече дека не видел
поголем талент од негона белот спорт.
Играв и за репрезентацијата на Дејвис купот на Србија против Турција и Мароко. Во тоа време со мене беа репрезентативците Типсаревиќ, Вемиќ и Тошиќ. Пред тоа ги победив Марат Сафин и Фернандо Гонзалес во јуниорска конкуренција, а го победив Роџер Федерер на еден тренинг. Нема кој тогаш не ми го предвиде светскиот врв- вели Никола.
- Земав хероин. Се обидувам да продолжам да играм тенис, но не ми оди добро. Во тоа време, моето семејство се распаѓаше, а мојот живот беше во целосен хаос. Повеќе од десет пати сум бил во болница. Цели 17 години минував низ ужасите што ги носи дрогата со себе.
- Поранешните играчи и колеги им велат на родителите на децата што ги тренирам дека сум поранешен наркоман и дека не треба да ми ги даваат децата да ги учам тенис. И јас никогаш, дури и кога бев во најтешки кризи, не препродавав дрога, ниту пак давав дрога на некое дете, ако тоа се случеше ќе си ја отсечев раката- дециден е Никола.
Реобјава