ГО ПЛОМБИРАЛЕ ОСУМ ПАТИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ: Хотелот во Будва каде гости се затруја со храна нема дозвола за работа
Хотелот во Црна Гора, чии стотина гости се затруле со храна, нема дозвола за работа.
Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, по пријавување на труењето, зема мостри од ресторанот „Лоза“ и забрани послужување храна.
Туристичката инспекција почна да го „пломбира“ хотелот „Лоза“ во Будва, кој нема дозвола за работа, а чии 96 гости се затруле со храна, потврди Ана Вујошевиќ, в.д директор на црногорската Управа за инспекциски работи.
Таа потсети дека ова е осми пат во изминатите три месеци туристичката инспекција да го „пломбира“ хотелот „Лоза“ во Будва, а седми пат да се отстрани пломбата, поради што инспекцијата го пријавила случајот во которското обвинителство.
Станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле во ист ресторан, а меѓу нив имало и тинејџери.
Слично
