ГО ОТКРИЛ РАБОТНИК ВО РЕСТОРАН - 71 годишен Данец е уапсен во Ровињ, со телефонот снимал голи деца
Општинското државно обвинителство во Пула му одреди истражен притвор на 71-годишен Данец поради основано сомнение дека експлоатирал деца за порнографија, соопшти полицијата.
- Постои основано сомнение дека 71-годишниот осомничен најпрвин на 27 јули 2021 година, а потоа и на 20 јули 2022 година во камп во областа Ровињ со мобилен телефон ги снимал голите тела на непознати деца на возраст до 18 години - се вели во соопштението.
Жупанискиот суд во Пула го прифати предлогот на државното обвинителство и на 26 јули 2022 година, на 71-годишниот осомничен му одреди истражен притвор поради опасност од бегство.
За потсетување, во неделата во 14 часот и 45 минути работник во ресторан во камп во месноста Ровињ забележал сомнително однесување на 71-годишен маж и веднаш го известил обезбедувањето кое повикало полиција.
Полицијата уапси маж под сомнение дека со мобилен телефон снима голи деца на базен, а по наредба на надлежниот суд извршила претрес на мобилниот телефон во кој биле пронајдени фотографии со инкриминирачка содржина.
