Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ОСТАВИЛ ВОЗИЛОТО И СЕ ПРОБИВАЛ НИЗ ШУМАTA: Познатиот кошаркар Телетовиќ едвај се спасил од поплавите во Босна

ГО ОСТАВИЛ ВОЗИЛОТО И СЕ ПРОБИВАЛ НИЗ ШУМАTA: Познатиот кошаркар Телетовиќ едвај се спасил од поплавите во Босна

Познатиот кошаркар Мирза Телетовиќ спасувал жива глава во поплавите во Босна и Херцеговина(БиХ).

Едно од местата кои е најпогодено е Јабланица, родното место на поранешниот репрезентативец на БиХ, Мирза Телетовиќ кој според информациите на „Слободна Далмација“ и самиот спасувал жива глава.

Таму Телетовиќ има неуспешна милионска инвестиција на брана која не е во употреба, но при непогодата добил повик од надележното Министерството да ги подигне вентилите. Откако го сторил тоа се упатил со теренец назад кон својот дом, но пред него се срушил рид. 

„Морал да го остави автомобилот и низ шумата и калот да се пробива до куќата“, ексклузивно открива Арман Ризвиќ, вработен во кафулето на Телетовиќ за медиумот.

Во поплавите загинаа најмалку 20 луѓе. Има и голема материјална штета. Во некои семејства во Јабланица загинаа по неколку члена. Имаше и видеа од куќа од која останале само скалите, а другото го однела водата. Се трага по пет исчезнати лица. 

Слично

Поврзани вести