Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ОШТЕТИЛЕ БУЏЕТОТ ЗА ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА: Албанци нерегуларно се лекувале во Италија

ГО ОШТЕТИЛЕ БУЏЕТОТ ЗА ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА: Албанци нерегуларно се лекувале во Италија

Албански државјани нерегуларно се лекувале во Италија, оштетувајќи го здравствениот систем за повеќе од милион евра. 

Многу од нив влегле во Италија со единствена цел да се лекуваат. Полицијата во Торино открила измамничка шема која ја смислиле тројца албански државјани, преку која се украдени над милион евра од здравствениот систем на земјата, пренесе телевизијата „Топ чанел“.

„Весникот Ла Република објавува дека најмалку 150 Албанци, главно со дијагностициран карцином, добиле бесплатна здравствена заштита преку овој механизам. Лицата кои ја измислиле шемата за измама и уште 150 Албанци се под истрага за измама“, додава телевизијата.

Три лица ја создале шемата, две албански државјанки кои работеле како културни медијатори во Информативниот центар за здравствена заштита на имигрантите во Торино и синот на едната од нив. Судот им одредил безбедносни мерки, едната е во домашен притвор, а другата со обврска секојдневно да се пријавува во полиција, додека момчето е отпуштено од работа.

foto freepik

Слично

Поврзани вести