Го навредила Ердоган и заврши во притвор
Турските власти уапсија позната новинарка во Турција поради твит за претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Се работи за Седеф Кабаш. Полицијата ја привела Кабаш два часа по полноќ и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул. Таа доби притвор.
„Честа на претседателскиот кабинет е чест на нашата земја. Ги осудувам вулгарните навреди насочени кон нашиот претседател и неговиот кабинет“, напиша на Твитер Фахретин Алтун, директорот за комуникации на турската Влада.
Мердан Јанардаг, главниот уредник на каналот Теле 1, на кој Кабас го коментираше кабинетот на претседателот, остро го осуди нејзиното апсење.
Турскиот закон за навреда на претседателот предвидува затворска казна од една до четири години.
Европскиот суд за човекови права во октомври лани, ја повика Турција да го промени законот. И досега имало лица кои биле гонети поради навреди упатени кон Ердоган на социјалните мрежи.
