Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го нарекоа предавник, но Рама врати дека никој не може да и држи предавања на Албанија за „Отворен Балкан“

Го нарекоа предавник, но Рама врати дека никој не може да и држи предавања на Албанија за „Отворен Балкан“

Никој не може да и држи лекции на Албанија, а за „Отворен Балкан” времето ќе покаже кој е во право, изјави албанскиот премиер, Еди Рама. 

Тој денеска при презентацијата на владината програма, задржувајќи се на иницијативата „Отворен Балкан” повторно ја критикуваше Приштина што не се приклучила на иницијативата.

Одлуката на Приштина ја оцени како избрзана, дека си игра со незнаење и и порача да прифати и да стане дел од оваа иницијатива, затоа што како што рече корист имаат сите Албанци.

Рама вели дека „Отворен Балкан“ не е игра на Србија, не е руски или кинески заговор за заживување на Југославија.  Него дури го нарекоа и предавник поради вклучување во проектот. Koсово се противеше на овој проект. 

Слично

Поврзани вести