Го напуштиле градот и се вратиле на село за да произведуваат сливи
Иван и Драгана Којиќ се едни од ретките млади луѓе кои се вратиле на село за да произведуваат сливи и мед.
Во селото Дружетиќ денес живеат со три деца, а од Ваљево се оддалечени 30 км.
„На село не треба да се враќаат луѓето заради пари затоа што тој што ќе се врати заради пари, ќе се разочара. Има заработка, треба да се работи, но треба да се потпрете и на небото, односно на временските услови. Треба да го сакате селскиот менталитет и начин на живот на село“- вели Иван Којиќ.
Додава дека предноста е тоа што можат да ги гледаат децата нон стоп.

Вели дека никаде не брзаат и нема стрес како во градот.
Во Србија се работи на тоа за младите брачни парови кои ќе се вратат на село да им се дадат 20.000 евра и земјиште.
Слично
