Го напуштил станот и се преселил во комбе: За четири години заштедил 23.000 евра
Триесет и седумгодишниот Британец Тимоти Најт од Стоук на Трент решил да го напушти класичниот начин на живот и да се пресели во комбе, кое самиот го претворил во мал кампер. Додека неговото семејство смета дека одлуката е „луда“, Најт вели дека тоа е сон што му се остварил.
Најт го напуштил изнајмениот стан и се преселил во минибус LDV Maxus од 2006 година, кој го адаптирал за живот.
Она што првично било идеја за викенд патувања и фестивали, се претворило во постојан дом веќе во 2022 година.
Како што тврди, благодарение на овој начин на живот, успеал да заштеди дури 20.000 фунти (23.000 евра) на трошоци за домување за четири години. Нема кирија, сметки за комунални услуги или други фиксни трошоци што го придружуваат живеењето во стан.
Најт, кој претходно работел како негувател и во областа на менталното здравје, признава дека неговото семејство сè уште не го разбира неговиот избор. Сепак, тој е јасен: за него, животот во комбе не е одрекување, туку слобода и исполнување на личните соништа, пренесува Блиц.
Приказната за Британецот кој го заменил својот стан за кампер сè повеќе се наведува како пример за алтернативен начин на живот, кој станува популарен низ цела Европа, особено во време на растечки трошоци за домување.
