ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА ИЛИ СМРТ ЗА 50 ОТСТО - Британија одобри лек против ковид, државите се борат за него, залихите се ограничени
Британија даде условно одобрение за употреба на антивирусен лек против ковид-19 од компанијата Мерк - првата пилула која е успешна во лекувањето на сериозните симптоми на инфекција со коронавирус.
Обединетото Кралство е првата земја која одобри третман со молнупиравир, иако сè уште не се знае точно кога овој лек ќе биде достапен, пишува АП.
Лекот е лиценциран за употреба кај луѓе постари од 18 години кои се позитивни на Ковид-19 и имаат барем еден ризик фактор за развој на сериозна болест.
Што е молнупиравир и колку е ефикасен?
Но, како делува овој лек, или како се користи и како делува? Многумина веруваат дека молнупиравир е одлично решение бидејќи може да го лекува коронавирусот без да се биде во болница, според Си-Ен-Ен.
Имено, кога на пациентот ќе му биде дијагностицирана инфекција со Ковид-19, тој може да започне со терапија со овој лек и да зема четири капсули од 200 милиграми (вкупно 40 таблети) два пати на ден во период од пет дена.
„За разлика од вакцините, кои предизвикуваат имунолошки одговор, молнупиравир ја спречува репликацијата на вирусот“, рече Сањаја Сенајаке, специјалист за заразни болести на Австралискиот национален универзитет.
Прелиминарните резултати од третата фаза на клиничките испитувања, спроведени од Мерк на повеќе од 700 невакцинирани пациенти, покажаа дека пилулата може да го намали ризикот од хоспитализација или смрт за приближно 50 отсто, во споредба со пациентите кои земаат плацебо.
Учесниците примиле таблета или плацебо во рок од пет дена од почетокот на симптомите на инфекција во текот на студијата, а ниту еден од оние кои примиле молнупиравир не починал во рок од 29 дена, за разлика од осум испитаници кои примале плацебо.
Извор и фото: Индекс.хр
