ГО НАЛУТИЈА СО РЕКЛАМА: Трамп воведува дополнителни царини за Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој оваа недела одлучи да ги прекине трговските односи со Канада како одмазда за рекламната кампања против американските царини, синоќа објави дека воведува дополнителни 10 отсто царини на Отава, пренесува Би-би-си.
„Нивната реклама требаше веднаш да се отстрани, но тие ја пуштија да се емитува синоќа за време на Светските серии, знаејќи дека е измама“, напиша Трамп на платформата Truth Social.
Американскиот претседател се осврна на рекламната кампања во која Роналд Реган зборуваше против царините, а која се емитуваше за време на првиот натпревар од финалето на бејзболот.
Вели дека поради нивното сериозно искривување на фактите и нивното непријателско дејствување, ги зголемува царините за Канада за 10 отсто во однос на она што го плаќаат сега.
foto printskrin
