Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО КУПИЛЕ АВТОМОБИЛОТ ПРЕД НЕСРЕЌАТА И ГО ИСПРОБУВАЛЕ? - нови детали за стравичниот инцидент кај Шабац во кој загинаа тројца другари

ГО КУПИЛЕ АВТОМОБИЛОТ ПРЕД НЕСРЕЌАТА И ГО ИСПРОБУВАЛЕ? - нови детали за стравичниот инцидент кај Шабац во кој загинаа тројца другари

Данијел Ч. (34) од Прово, Д.Ш. (20) и Синиша Б.(26) од Ѕвезда синоќа загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи во селото Трбушац на патот Шабац - Обреновац.

Имено, несреќата се случила кога „пежото“ во кое се наоѓале тројцата млади лица, од засега непозната причина удрило директно во „аудито“ што се движело од правец на Шабац.

„Несреќата се случила синоќа по 22 часот. Младите момчиња наводно пробувале автомобил што го купиле малку порано. Постојат сомнежи дека со некого се тркале и дека несреќата се случила при претекнување, кога директно удриле во автомобил кој се движел од спротивната насока“, објаснува изворот за Курир.рс.

Семејството на загинатиот Даниел немало сила да зборува за трагедијата.

„Тоа е син на брат ми. Не можеме ништо да кажеме, ова е голема трагедија за сите нас. Разберете не“, порачаа од семејството.

Соседите на настраданото момче од Прово имаат само пофални зборови за него.

„Тие се наши блиски роднини. Што да кажам, голема трагедија за нашето мало место. Даниел беше многу добар млад човек, фин и културен. Работеше и беше многу вреден“,  рекоа првите соседи.

Во оваа сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил возачот на „аудито“ Н.Б. (31) од Лазаревац, кого екипа на Брза помош, по незгодата, го пренела во болницата Шабац, од каде по укажаната помош итно бил пренесен во Белград.

Извор и фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести