Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорите и власта против СОНК: како ќе изгледа штрајкот в понеделник?

Директорите и власта против СОНК: како ќе изгледа штрајкот в понеделник?
Пожарникарите, земјоделците, комуналните и поштенските работници, како и вработените во одбраната, застанаа против штрајкот на воспитувачите, наставниците и професорите. И едните и другите се дел од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), но станува збор за различни синдикати кои делуваат секој во својата област. Сепак, синдикалните лидери на пожарникарите, земјоделците, комуналните и поштенските работници, како и вработените во одбраната, иако немаат допирна точка со образванието, се најдоа повикани да одржат прес конференција на која ќе известат дека тие не даваат поддршка на штрајкот на наставниот кадар. На прес конференцијата што ја оддржаа петте синдикални лидери, тие практично го повторија владиниот став дека најавениот штрајк на наставниот кадар е мотивииран од лични интереси на синдикалните лидери во СОНК.
„Се оградуваме од идејата и одлуката за организирање на генерален штрајк во бразованието, за кој повеќе од јасно е дека личного иницира претседателот на СОНК, Јаким Нделеков и една мала група негови приврзаници, а со едниствена намера и цел – задржување на актуелните позции, преку реизбор во следната година. Ако, раководството на СОНК не се откаже од намерата за штрајк, учениците ќе останат заложници на личните и себични идеи на еден затворен круг на луѓе, за остварување на сопствените амбиции“, изјави Лидија Андова, синдикат на земјоделците при КСС.
Петте синдикални лидери кои се членки на КСС, на својот колега од СОНК, синдикат што исто така е дел од КСС, му порачаа дека моќта на секоја синдикална организација била во умешноста за разговор и договор преку социјален дијалог, а не во умешноста да се маниупулира и да се извади на улица само еден дел од своето членство. „Ние како членови на извршниот одбор на КСС и претседатели на петте грански синдикати се оградуваме од СОНК бидејќи тој синдикат делува без никаква одлука на извршниот одобор на КСС, “ додаде Андова од синдикатот на земјоделците. Но, петте синдикални лидери, кои седнаа на маса за да изразат револт од односнот на нивниот колега од СОНК Јаким Неделков, останаа без одговор на прашањето зошто тие се најдоа повикани да зборуваат за  образованието, кога немаат никаква поврзаност со образовниот процес. Противниците на штрајкот револтирани од новинарските прашања Дополнително, синдикалните лидери изразија револт и кон новинарите. Незадоволството се јави кога новинарите прашаа зошто тврдат дека штрајкот ќе предизвика штета за учениците, кога власта донесе Закон со кој оние кои ќе штрајкуваат ќе бидат заменети со резервни наставници, со цел да не трпи образовниот процес. „Вие сте родител?“, му се обрати на еден новинар Зоран Антоновски, од синдикатот на комунални работници. „Кога ќе бидете родител ќе знаете!“, дополни револтиран синдикалниот лидер Антоновски, револтиран од новинарското прашање. СОНК: Притисоци за да се скрши единството кај членството Прес конференцијата на петте синдикални лидери, е уште една забава за јавноста, смета  Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование и наука, посочувајќи дека обвинувањата изнесени на прес конференцијата се подготвени во нечија кујна и имаат за цел да се  разбие единството кај членството во СОНК.
„Во однос на клеветите упатени кон СОНК, можам да кажам дека тоа е направено од лични побуди и интереси или пак од нечии други интереси кои тие ги спроведуваат излегувајќи на прес конференција, изјави Јаким Неделеков, претседател на СОНК.
Тој не сакаше да прецизира на какви интереси мисли, но посочи дека граѓаните тоа сами ќе го разберат и сватат од денешната прес конференција на петте синдикални лидери кои се противат на штрајкот на наставниот кадар, а немаат допирна точка со образованието. Штрајкот на вработените во градинките, наставниците и професорите е закажан за 29 септември. Сепак, како ситуаацијата се вжештува како наближува денот. Отако власта донесе измени на законот за основно и средно образование, според кои оние наставници кои ќе штрајкуваат може да бидат заменети со резервни, дел од локалната смоуправа деновиве се погласно порачува дека листите на резервбните наставници веќе се скроени и дека се знае кој ќе сене во клупите на местата на оние кои ќе штрајкуваат. Иако, засега никој точно не прецирал, како ќе се бираат резервбите наставниц, како ќе се вработуваат и плќаат сепак од Велес, Штип и Битола надлежните од локалната самоуправа веќе порачаа дека резервбите наставници се подготвени и чекаат да сенат во резервните клупи. А само пред неколку дена пак беше одржан и контрапротест на штрајкоот кој се уште не е одржан. Сетоа ова укажува дека целата ситуација дополнително ќе се комплицира во следните денови. Од СОНК, пак велат дека членството засега е единствено и порачуваат наставниот кадар да не потклекнува на притисоците, бидејќи власта нема толку резервен кадар ако сите излезат на штрајк. А, на оние кои ќе седат во резервната клупа пак им порачува да не бидат ничии пиони и да не дозволат да бидат злуопотребени. Број на наставници во основните училишта Во редовните основни училишта во земјава на крајот на минатата учебна година имало вкупно 17.424 наставници од кои жени биле 11.650. Од вкупниот број наставници полно работно време имале 15.233 наставници. Во специјалните основни училишта работат 266 наставници, од кои со полно работно време се 240 наставници. Додека пак во основните училишта за возрасни работат 79 наставници од кои 68 имаат полно работно време. Од вкупниот број на наставници кој изнесува 17.424, во македонски паралелки предаваат 11.291 наставници, во албански паралелки предаваат 5.049 наставници, во турски паралелки предаваат 493 наставници а во српски 89 наставници. Број на наставници во средните училишта На крајот на минатата учебна година во средните училишта имало вкупно 7.442 наставници, а од нив жени биле 4.382. Вкупниот број на наставници во средните училишта, на крајот на минатата година бил поголем за 25 во однос на претходната учебна година. Во специјалните средни училишта бројот на наставници на крајот на минатата учебна година бил 86 наставници, а во средните верски училишта имало 36 наставници.
Слично

Поврзани вести