Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го изнајмуваат автомобилот кој не го користат

Го изнајмуваат автомобилот кој не го користат

Многу луѓе во Европа го изнајмуваат автомобилот кој не го користат. 

Ова е еден од алтернативните начини на движење, кој станува популарен во Европа. 

За таа цел направена е платформа за изнајмување на автомобили. Таа успешно функционира  во неколку европски држави. Се проверуваат изнајмувачите на автомобилите, но и закупците и се оставаат коментари и препораки. 

Статистиката покажува дека еден семеен автомобил се користи во само 5% од времето, а  останатото време е паркиран и не се користи. 

Предност на ова изнајмување е што може да се заработи од  возилата кои не се користат. Секој сам си ја одредува цената на возилото во зависност од моделот, годината на производство и други фактори. 

Досега во платформата се регистрирани над 800 автомобили во цела Бугарија.




Слично

Поврзани вести