Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го исполнува ли ветеното „Македонија Вработува“?

Го исполнува ли ветеното „Македонија Вработува“?

4 535 лица е бројот на вработени лица преку проектот на Владата „Македонија вработува“.

Овие податоци денес ги соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на приватната компанија „Дока текстил“ од Валандово која ги има искористено поволностите од проектот.

Тој смета дека оваа компанија е успешен и позитивен пример на македонска компанија која изминатите години ги користи поволностите што се нудат преку мерките за вработување.

Министерот уште еднаш ги повика сите  приватни компании да го следат овој пример, да помогнат во развојот на нашата држава преку напредокот на нивните компании и создавањето и отворањето нови работни места, напоменувајќи дека оваа комапнијата се повеќе го зголемувала бројот на вработувања.

„Оваа компанија со годините се повеќе и повеќе се развива и го зголемува бројот на вработувања. Околу 10 проценти од вработените се преку мерките за вработување што ги нуди Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно околу 40 лица се вработени само преку „Македонија вработува“, што е уште еден показател за успешноста на мерките, истакна Спасов.

Позитивен и задоволителен проектот на Владата го оцени и сопственикот на „Дока Текстил”, Тони Пандев.

Слично

Поврзани вести