ГО ИМА ВО 44 ЗЕМЈИ: Индискиот сој стигна и во Словенија
Индискиот сој на коронавирусот пристигна во Словенија.
Тој е откриен во примерок земен на 20 април. Мутацијата е потврдена на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Љубљана.
Светската здравствена организација (СЗО) неодамна објави дека индискиот сој е позаразен.
Индиската мутација на коронавирус е докажана во анализирани примероци од 44 земји, додека за во уште пет постои голема веројатност дека е присутна, објави СЗО.
foto freepik
Слично
