ГНЕВНИ ГРАЃАНИ МУ ГО ЗАПАЛИЈА ДУЌАНОТ: Турчин во Бар остави порака на влезот
Турчин oставил порака пред својот ресторан во Бар откако демонстранти сѐ му уништиле, затоа што претходно турски државјани нападнаа и прободеа црногорски граѓанин во Подгорица.
Откако стаклото од влезната врата му било скршено со тула непосредно пред полноќ и низ пукнатината бил фрлен молотов коктел, предизвикувајќи пожар, овој турски граѓанин вели дека не се чувствува исплашен, но дека повторно ги видел добрите намери и почитта на луѓето од Бар.
„Имаме прекрасни соседи, сите луѓе и деца што доаѓаат да купат гиро се прекрасни. Тие ни го покажаа тоа сега - нè посетуваат, нè повикуваат, кажуваат убави работи, нудат поддршка...“ рече Каја.
Каја, како што истакна за „Вијести“, е најблагодарен на пожарникарите кои брзо реагираа за да ја спасат неговата зграда, за која вели дека целосно ќе изгорела.
фото Срдан Косовиќ
