Глопко логистик ги отвори вратите на првиот индустриски објект во Ќојлија
Логистички центар со површина од 3.500 метри квадратни на компанијата „Глопко логистик“, која се занимава со поштенски услуги, денеска беше пуштен во употреба во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец.
Тоа е првиот готов објект кој официјално е пуштен во употреба и во него предвидено е да бидат отворени 40 нови работни места.
„Очекувам за четири до пет години ова да биде огромна индустриска зона во која илјадници луѓе ќе го најдат своето работно место“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на отворањето на објектот.
Тој истакна дека до сега во оваа зона биле продадени 75 локации, а за 27 од нив веќе има извадено одобренија за градба.
Министерот Јанакиевски рече дека очекува од инвеститорите на објектот да започнат со најавената реализација на втората и третата фаза од нимниот објект.
Според градоначалникот на општината, Борче Митевски, големата заинтересиранист за оваа индустриска зона од страна на инвеститорите е ниската цена на комуналиите која изнесува 34 евроценти за метар квадратен, ниската почетна продажна цена на градежното земјиште, близина на автопатот Е-75 и на железничката пруга.
Глобко Логистик има дозвола за градба на уште едне објект во оваа индустриска зона и истиот се очекува да биде изграден во текот на следната година.
„До крајот на 2017 година очекуваме да се изградат хали со вкупна површина до 15.000 метри квадратни на нашата локација во зоната која има површина од 22.000 метри квадратни“, рече Снежана Кокраволчевска, сопственикот на Глобекс и Глобко логистик.
Индустриската зона, која е лоцирана во близина на аеродромот „Александар Велики“, се протега на површина од 195 хектари, а наскоро планирано е нејзино проширување за дополнителни 28 хектари.
Слично
