Глодарска чума и тропна на врата на Македонија
Туларемијата која најпрво се појави во Косво а деновиве и тропна на врата и на Македонија со потврдувањето на трите случаи во Скопје и Арачиново. Пренесувач на оваа чума е бактерија, која што ја има на цела северна хемисфера и е доста отпорна на надворешни влијанија и ниски температури, а ја има во блата и мочурливи површини. Сепак, извор на инфекцијата се глодарите, како полските глувци, зајаците, куните, дабарите и др.
Засега нема потреба од загрижување бидејќи нема опасност од зголемување на бројот на инфицирани , смируваат надлежните , но сепак поплавите би можеле да предизвикаат ширење на болеста.
Доколку се појави, болеста се лекува со антибиотици, а во одредени епидемиолошки случаи за неа постои и вакцина. Најзагрозена категорија се лицата кои што живеат во руралните средини, земјоделците, сточарите, ветеринарите, но не се заобиколени ниту градските средини.
Во Македонија, во последните 25 години само на три пати имало појава на туларемија. Во 95-та и во 96-та со вкупно 50-на заболени и во 2010-та со 20 заболени.
Од ЛДП денеска предупредуваат на брза и неодложна реакција на сите надлежни инстанци во Република Македонија.
