Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глобално поевтинување на храната – цените ќе бидат стабилни

Глобално поевтинување на храната – цените ќе бидат стабилни

Во глобални рамки минатиот месец цената на храната се намалила.

По пет месеци раст на цените на храната во светот,  во јули се случи обратното и имаше поевтинување. Воедно, не се очекува во блиска иднина да дојде до поскапување.

Ова го соопшти главниот економист на Организацијата на ОН за храна (FAO) Абдолреза Абасијан.

Податоците на FAO покажуваат дека индексот за храна е намален минатиот месец со 0.8% до 161.9 поени. Во јануари индексот се симна под 150 поени, што беше 7-годишно дно. За мерењето се собираат податоци од житни и маслодајни култури, млечни производи, месо и шеќер. На годишна база цените на меѓународните пазари во јули биле со 1.4% помали споредбено со истиот период минатата година.

Се смета дека во следните 10 години цените на храната ќе бидат стабилни.

Главната причина за намалувањето на цените на храната е поради богатата реколта на жито. Во јули индексот на FAO за житни култури се намали за 5.6% и само кај оризот е регистрирано поскапување.

Следен сегмент е овој на растителните масла, со пад за 2.8%. Ова се случува главно поради петмесечното дно во цените на палмино масло.

Слично

Поврзани вести