Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глобалните бродски компании не планираат да минуваат низ Ормутскиот теснец?

Глобалните бродски компании не планираат да минуваат низ Ормутскиот теснец?

Глобалните бродски компании и сопствениците на бродови нема да го продолжат редовниот транзит низ стратешки важниот Ормутски теснец со недели, без оглед на евентуалниот договор меѓу Соединетите Американски Држави(САД) и Иран.

Претставниците на индустријата велат дека ќе почекаат додека не бидат целосно сигурни дека постигнатиот договор е реален, одржлив и применлив на терен, изјави извршниот директор на јапонскиот поморски гигант „Мицуи О.С.К. Лајнс“ од Џотаро Тамура за „Фајненшл тајмс“.

Овој став укажува на длабока недоверба на приватниот сектор кон политичките решенија кога станува збор за една од најважните, но и најризичните поморски рути во светот. Тамура истакна дека бродските компании не можат да ризикуваат имот вреден повеќе милиони долари и животите на членовите на екипажот потпирајќи се исклучиво на дипломатски изјави и политички ветувања.

„Она што мора да се постигне не е само договор меѓу релевантните земји. Овој договор мора да биде опиплив и потврден преку реални околности во Ормутскиот теснец, за да можат бродовите да минуваат безбедно и непречено“, нагласи Тамура.

Според него, бродските компании очекуваат конкретни гаранции дека иранските сили ќе ја сопрат практиката на пресретнување и запленување танкери, како и дека меѓународните поморски патроли ќе можат да обезбедат безбедна пловидба низ овој клучен поморски премин. Додека ваквите гаранции не се потврдат во пракса, превозниците ќе продолжат да користат значително поскапи алтернативни патишта низ Африка или привремено ќе ги држат бродовите во безбедни зони, и покрај дополнителните трошоци и подолгото време на транспорт.

Ормутскиот теснец претставува една од најважните поморски артерии во светот, низ која минува значаен дел од глобалниот извоз на нафта и течен природен гас, поради што секоја нестабилност во регионот директно влијае на меѓународната трговија, цените на енергијата и синџирите на снабдување низ целиот свет.

Слично

Поврзани вести