Глобалниот економски раст ќе биде бавен – предвидува „Дојче банк“
Во наредните 35 години глобалниот економски раст ќе биде бавен, предвидува „Дојче банк“.
Инфлацијата и обврзниците ќе растат во текот на следните три децении. Се наведува дека политичарите тешко ќе наоѓаат решенија за економските, социјални и политички проблеми, кои ќе се појават.
Трговците со должнички хартии од вредност наведуваат дека извештајот на „Дојче банк“ е причина за распродажба на пазарите со фиксен приход, кои ги поттикнаа приходите на обврзниците до ниво што не е забележано со месеци. Пазарите на акции низ светот бележат пад. Во следните 35 години главни теми ќе бидат нискиот реален раст, голема инфлација, намалена меѓународна трговија, голема контрола на миграции, мало учество на корпоративниот профит во бруто домашниот производ и негативно реално зголемување на обврзниците.
Сведоци сме на промена на светскиот поредок што ги диктира економијата, политиката, мерките и цените на имот од 1980 до денес, се наведува во студијата на „Дојче банк“.
„Бидејќи сегашниот циклус траеше 35 години, може да се очекува и следниот циклус да трае со децении. Проценките за последните 35 години би можеле да бидат најопасната грешка направена од инвеститорите, политичарите и централните банки“ - стои во студијата на германската банка.
Во извештајот на „Дојче банк“ се наведува дека каматата на американските десетгодишни обврзници, кои се сметаат за мерка за глобалната референтна каматна стапка, е зголемен на 1,67 проценти, што е највисоко ниво од британското гласање на 23 јуни за излез од Европската унија.
Германската камата на десетгодишните обврзници исто така е зголемена, кревајќи се над нула прв пат од гласањето за Брегзит. Берзата на Волстрит, исто така, падна за околу 1,0 проценти, што е исто така најголем пад од јуни.
