Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глобални компании кои најмногу профитираат од мигрантите

Глобални компании кои најмногу профитираат од мигрантите

Бегалската криза за некого е проблем, а за друг можност за профит. Истражувањата покажуваат дека мигрантите ги зголемуваат приходите на германските компании кои им даваат услуги и стоки од прва потреба за нов живот.

Списанието Focus ги собра услугите и стоките кои забележуваат најголем раст:

Securitas

Безбедносниот бизнис сигурно е еден од најпрофитабилните во Германија во моментов. Во првото полугодие на 2015, приходите му се зголемиле за 8,9 отсто, а вработените – со 4.9 проценти.

IKEA

Едни од најбараните стоки од бегалците во Германија се мебелите. Кревети, столици и маси – тоа се најпосакуваните предмети кои мигрантите ги купуваат. Освен тоа, ако не стигнат артиклите во дадената филијала, се нарачуваат од други во земјата.

Western Union

Без разлика дали испраќаат пари на блиски од Германија или добиваат, трошоците за трансферите се високи. Да префрлиш 100 евра од Турција до федералната република на пример чини 15 евра дополнително.

Lycamobile

Ако сте емигрант во Германија, нема како да не ги знаете Lycamobile. Тоа се SIM картички, преку кои се зборува многу поевтино со странство – токму она од што имаат потреба сите новодојденци во земјата. Според податоците на локалните медиуми во Италија компанијата одбележува 15 проценти раст на приходите во текот на оваа година. Истото се очекува да се случи и во Германија.

Слично

Поврзани вести