ГЛОБАЛНА ВОЈНА ЗА МИКРОЧИПОВИ, АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ГО СТЕГА ОБРАЧОТ - санкции против 30 кинески производители
Американската влада планира да воведе санкции оваа недела против над 30 кинески компании, вклучително и производителот на полупроводници Yangtze Memory Technologies Corp, ставајќи ги на црната листа од Министерството за трговија, објавија денеска американските медиуми повикувајќи се на свои извори.
Кинеските компании под санкции ќе можат да купуваат компоненти од американското производство само откако ќе добијат посебна дозвола за извоз од американското Министерство за трговија, се наведува во извештајот, според медиумите.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека американската влада „ја политизирала и ја вооружила економската соработка“, се вели во извештајот.
Кинеското Министерство за трговија во понеделникот објави дека Пекинг иницирал трговски спор во Светската трговска организација против САД поради мерките за контрола на извозот на чипови.
Во октомври, американското Министерство за трговија објави дека Вашингтон ја ограничил испораката на 28 кинески компании, со цел да го ограничи извозот на суперкомпјутери и полупроводници.
Извор: Новости
