Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС НА КОНКУРЕНТНОСТ: Каде е Македонија?

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС НА КОНКУРЕНТНОСТ: Каде е Македонија?

Земјава има полош резултат од лани.

Во Глобалниот индекс на конкурентност за 2016/2017 година, Македонија е на 68 место од 138 земји. 

Нашата земја од 60 место лани, годинава падна на 68 место. 

Таа е подобра од некои од балканските држави. Хрватска е на 74 место, Албанија на 80, Црна Гора на 82, Србија на 90 и БиХ на 107 место. 

На првите три места се Швајцарија, Сингапур и САД, а најмалку конкурентен е Јемен кој е 138  на листата. Земјите кои лани беа во топ 10, и годинава ги задржаа своите позиции. Зад првите три следат Холандија, Германија, Шведска, Велика Британија, Јапонија, Хонг Конг и Финска. 

Во обзир се земени повеќе фактори како што се здравство, образование, инфраструктура, иновативност, софистицираност на бизнисот и друго. 

Се смета дека намалувањето  на глобалниот економски раст штети на конкурентноста.  


Слично

Поврзани вести