Економија, финансии, бизнис

Контакт

Global Finance ја објави листата на најбезбедни земји во светот, Македонија со полош ранг од БИХ

Global Finance ја објави листата на најбезбедни земји во светот, Македонија со полош ранг од БИХ

Магазинот Global Finance , со седиште во Њујорк, објави листа од најбезбедните земји во светот, а на челото се малку изненадувања, каде што доминираат главно европски земји со развиените економии и здравствените системи.

Првото место му припаѓа на Исланд, по што следуваат Швајцарија и Финска, додека на дното се Филипините, пред Јемен.

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија, којаод 128 рангирани земји е на 12 место, Хрватска на 22, Босна и Херцеговина на 56. Србија и Македонија се на 58-то, односно 59-то место. Грција е само едно место пред Србија и Македонија, односно на 57 место. Бугарија е 42-ра, а Албанија е единствено полошо рангирана од Македонија на 69-та позиција.

Според списанието, при сумирање на резултатите, биле земени предвид три фактори: војна и мир, лична безбедност и ризик од природни катастрофи. Магазинот го сумира резултатот од овие три индекси на ризик и претставува еден сеопфатен поглед на безбедност во секоја земја.

Сепак, треба да се напомене дека постојат неколку значајни исклучоци од земји кои се економски развиени, како што е САД, а сепак се речиси точно во средината на листата. Најможната земја на светот е на 65-то место на листата.

„Тоа е затоа што ризикот од насилен криминал во САД се зголеми поради високите стапки на убиства, со што се намалува личната сигурност, а има и малку поголем ризик од природни катастрофи“, вели списанието.

Има и земји како Уругвај, Бутан и Оман кои се пред Велика Британија и Франција на ранг-листата.

Списанието забележува дека 16 од 20 најбезбедни земји се од Европа, заедно со Кина, Сингапур, Нов Зеланд и Канада.


Слично

Поврзани вести